Мотоциклистичката федерација јавнo се заблагодари на одлуката на ЈП „Државни патишта“ за воведувањето посебна категорија во наплатата на патарините и пониската цена.
Од Федерацијата велат дека имале доставено барање до Владата за измени во наплатата на патарини за мотоцикли што сега е прифатено.
„Со ваквото решение како држава сме изедначени со поголемиот дел од европските држави во поглед на третманот на мотоциклите при наплатата за користење на автопатите и ние како Федерација сме среќни што институциите ги препознаваат и имаат разбирање за потребите на мотоциклистите и заедно со нас ги решаваат реалните проблемите со кои се соочуваме“, се вели во јавната благодарност од Мотоциклистичката федерација.
Одлуката за воведувањето посебна категорија за мотоциклисти при наплатата на патарина ќе стапи на сила за 10 дена кога ќе почне да функционира електронскиот систем за наплата на патарините.