Мостот „Гоце Делчев“ од денеска е побезбеден

510

Екипи на Град Скопје вчера ги завршија градежните активности за реконструкција на дилетации на мост Гоце Делчев во двата правца и од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено.

Комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена од нивниот почеток на 09.07.2019 година. За време на градежните активности на овој потег беше воспоставен привремен сообраќаен режим.

Со овој тип на реконструкција на дилатационите спојки на мосот, градежен зафат кој не беше изведен на мостот во изминатите 13 години, значително се зголемува безбедноста на мостот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...