Министерството за надворешни работи на Русија денеска оцени дека се интензивираат напорите за интегрирање на областите населени со Албанци на Балканот и оти со тоа се компликува дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Руското МНР оцени дека „западните покровители на Тирана и натаму се преправаат дека не ги забележуваат активните големоалбански аспирации“, пренесува Танјуг.
Интензивирањето напори да се интегрираат напорите населени со Албанци во повеќе соседни балкански земји и институционализацијата на овој процес во рамки на регионалниот Сојуз на албански општини не е наивно“, се наведува во соопштението од руското МНР.
Москва потсетува дека албанскиот премиер Еди Рама „отоворено рече дека Косово за него е дел од Албанија“ и оти „обединувањето на Албанија и Косово не е план Б, туку план А“.