Со учество на повеќе од 13 000 војници, 74 авиони и хеликоптери и 132 единици на техника во Москва утринава започна воената парада во чест на 9. мај – Денот на победата над фашизмот.
На Црвениот плоштад рускиот претседател, Владимир Путин, го честиташе денот на победата, кој, како што нагласи, е денот на нашата гордост, тага и безгранична благодарност за заштитниците на татковината кои го растуриле нацизмот.
– Тие војуваа, поминаа натчовечки искушенија и стоеја на страотното место на борбата кога требаше. Дадоа се што е потребно и ја добија таа победа, порача Путин на почетокот на традиционалната воена парада , која секоја година се одржува на Црвениот плоштад во Москва.
ФОТО: EPA / MAXIM SHIPENKOV/ YURI KOCHETKOV