Експлозијата на Техничкиот факултет во Керч, во источниот дел од Крим, е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа, изјави заменикот началник на руската Национална гарда.
ПРЕТХОДНО
Трагични вести доаѓаат од Керч поврзани со експлозијата. Претседателот беше информиран… Податоците за убиените и бројот на повредени постојано се зголемуваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Се разгледуваат информациите за тоа дали е извршен терористички напад, рече тој.
– Претседателот му наложи на Министерството за здравство и спасувачките служби да преземат итни мерки за да им помогнат на жртвите на оваа експлозија, доколку е потребно, за да се обезбеди итен превоз на сериозно повредените пациенти до водечките медицински установи во Русија, без разлика дали во Москва или во други градови, додаде Песков.
Најмалку десет лица загинале, а десетици се повредени во силна експлозија која денеска одекна на Техничкиот колеџ во Керч, во источниот дел на Крим.
Според првичните информации, можна причина за експлозијата е истекување гас во мензата на колеџот, јавуваат локалните медиуми повкувајќи се на очевидци.
Според едни извори, во експлозијата се повредени 40 лица, а според други, 50 луѓе. Некои руски медиуми јавија дека се повредени 70 луѓе.
На лице место има многу возила на Брза помош и пожарникари, а во болница до сега се пренесени 18 лица.