Русија денеска ги предупреди курдските борци дека повторно ќе се соочат со турски напади доколку не ги повлечат своите сили согласно договорот постигнат меѓу Турција и Русија.
Предупредувањето на Кремљ следува еден ден откако двајцата претседатели Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган постигнаа договор за поделба на контролата врз североисточниот дел на Сирија.
Според договорот, Турција ќе ги задржи областите кои ги освои со офанзивата, додека руските и сириските сили ќе го контролираат останатиот дел долж сириско-турската граница.
Со договорот, на курдските борци им е даден рок од 150 часови, почнувајќи од денеска напладне, да се повлечат од зоната во североисточниот дел на Сирија.