Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој вчера почина во текот на судењето, денеска е погребан во тајност во Каиро.
Исламистичкото движење Муслиманско братство синоќа соопшти дека смртта на Морси всушност е „убиство“ и ги повика Египѓаните масовно да присуствуваат на погребот на првиот демократски избран претседател на земјата. Движењето повика и на собирање пред амбасадите на Египет ширум светот.
Морси вчера почина од срцев удар за време на судењето за наводна шпионажа.
Ахмет, синот на Морси денеска на Фејсбук објави дека неговиот татко е веќе погребан во Каиро. На погребот присуствувале само членовите на семејството.
Египетското Министерство за внатрешни работи по смртта на Морси прогласи алармантна ситуација во земјата и ангажира дополнителен број полицајци. Исто така одобрен е и план „Ц“, кој овозможува покренување операции против терористисички структури.
Морси беше соборен од власт на 3 јули 2013 година по едногодишните масовни протести. Тој беше член на најголемата исламистичка група во Египет, Муслиманско братство, сега забранета