Ѕвездата од „Монти Пајтон“, актерот Џон Клиз, одлучи да ја напушти својата држава, разочаран од нејзините лидери и политиката на земјата.
Клиз има намера да се пресели на Карибите и тоа до крајот на годината.
– Заминувам во ноември. Навистина заминувам. Во моментов правам планови – рекол Клиз, додавајќи дека бил разочаран за многу работи во татковината.
Овој актер открил дека посебно е незадоволен од расправата што се води по прашањето за Брегзит.