Поројните монсунски дождови, во западниот дел на Индија предизвикаа уривање на најмалку три ѕида на колиби и бараки, при што загинаа најмалку 30 лица, а десетици се повредени.
Најмалку 21 лице загина, а над 60 се повредени, кога во текот на ноќта во Мумбај се урна ѕид висок 10 метри, соопшти претставник на полицијата.
Уште девет лица загинаа кога се урнаа два ѕида во државата Махараштра. Шестмина мигранти, кои работеле како градежни работници загинаа, а пет лица се повредени кога се урна ѕид врз нивната барака во Пуна.
Во областа Тана, се урна ѕид од училиште, падна врз колиби и настрадаа три лица.