Тајландските власти вечерва соопштија дека 12-те деца и нивниот тренер кои веќе 15 дена се заробени во поплавената пештера во Тајланд, сѐ уште не се подготвени за нуркање, јави Скај њуз.
– Момчињата не се спремни. Тие не можат да нуркаат во овој момент – рече вечерва Наронгсак Осотанакорн, командант на спасувачката мисија.
Тој додаде дека нема план момчињата да се извлечат во текот на ноќта, но ако паднат силни дождови во пештерата во Там Луанг, спасувачите ќе мора да ги сменат плановите.
Претходно, денеска Си-ен-ен јави дека во пештерата значително опаѓа и нивото на кислород. Нивото на кислород опаднало за 15 проценти што би можело да доведе до големи здравствени потешкотии за децата.
Една од можностите првично беше децата да останат во пештерата повеќе од четири месеци, додека помине сезоната на монсуните и опадне нивото на водата. Но, смртта на искусниот тајландски нуркач Саман Кунан што се случи синоќа најверојатно ќе ја забрза целата операција за спасување.
– Не можеме веќе да чекаме сите услови да се усогласат. Прво мислевме дека децата можат да останат таму многу подолго. Но, околностите се сменија. Сега сме ограничени со време – рекол еден од спасувачите.
Во меѓувреме, спасувачите не се откажуваат од барање алтернативни начини да влезат во пештерата. Се бараат пукнатини и дупки над пештерата преку кои би можело да се дојде со децата. Голем број војници и други експерти ја пребаруваат шумата барајќи скриен влез во пештерата.
Во пештерата, пак, се прикачени јажиња за да им помогнат на спасувачите. Тие се движат низ длабока вода, со светилки на главите. Како што се пробиваат водата одеднаш им доаѓа до врат, а тунелот станува сè потесен.
Headcam footage from Thailand shows the tough conditions facing dive teams working to rescue 12 boys and their coach from a cave.
It comes after officials confirmed former Thai navy SEAL Saman Kunan had died while assisting with the opreration https://t.co/Cep6kE20A6 pic.twitter.com/r7jRGHrmBZ
— ITV News (@itvnews) July 6, 2018