Маж од Кипар призна дека убил седум жени и девојчиња. Локалните медиуми објавија дека станува збор за првиот сериски убиец на тој остров.
Две тела се откриени во рударско окно претходно овој месец, додека третото е пронајдено вчера. Сите тие се државјанки на Филипините. Главниот осомничен е 35-годишен војник кој ги признал убиствата, а неговото име не е објавено.
Жртвата која е пронајдена вчера, осомничениот ја запознал на сајт за запознавање партнери. Тој вчера ги однел истражните органи на место во близина на главниот град Никозија и им покажал каде е закопано телото.
Мажот признал дека убил уште жени и девојчиња, вкупно седум, па по нивните тела се трага.
Меѓу убиените е една жена од Индија или Непал и една жена од Романија и нејзината осумгодишна ќерка. Како исчезнато се води и едно шестгодишно девојче, ќерка на една од убиените жени.
На полицијата на Кипар во истрагата ѝ помага британската полиција.