Во Музеј на град Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи премиера на монодрамата „Даденото:Постоење (на жената)”, во изведба на Јасмина Билаловиќ.
Монодрамата е по текст и мизансцен на Ришард Ниецим и е реализирана како копродукција меѓу „Le Theatre de l’Homme Actor’s Laboratorium“ од Торонто и Јасмина Билаловиќ, независна продукција Скопје.
„Како да се надминат (и простат) себепредавствата, чувството на вина заради неволното прифаќање на нештата без побуна и протест, поврзани со личната неактивност: вината затоа што не си рекол НЕ кога било неопходно, вината затоа што не си рекол ДА кога било потребно? “
Претставата е театарско истражување на длабочините на женската душа, нејзина Песна за Себе-како што таа се прашува себе- и тоа фундаментано прашање го пренесува на гледачот, сведок. А тоа фундаментано прашање гласи: „Кој (а) сум јас, откако веќе сум ги раскинал,( а) и отфрлил (а) лицемерните, себе-виктимизирачки маски, кои ми биле наметнати од средината, културата, религијата, семејството и пријателите?”, се вели во најавата за претставата.
Костимите се на Павел Маслов, преводот на Јасмина Билаловиќ, а лектурата на Сандра Авросиевска.
Билетите можат да се резервираат на pmaslovp@gmail.com