Моника Левински го прекина интервјуто на гостувањето на една израелска телевизија, токму кога водителката поставила прашање за Клинтон. И 20 години по „најсочната“ и најозборувана политичко-сексуална афера во американската историја, Левински не сака да говори за тоа.
– Извинете, не можам јас за ова… – рече таа и го напушти студиото.
Денес Моника Левински е активистка против злоставување и тормнозење на интернет. Во 1998 година се дозна дека американскиот претседател Бил Клинтон бил во врска со тогаш младата Моника и тоа стана светска тема за озборување.
Левински тогаш јавно се извини на семејството Клинтон, но се чини тој настан ја обележа за цел живот.