Моника Белучи уловена со 18 години помладото момче

870
ФОТО:www.legossip.net/Printscreen

Една од најубавите жени во модерната кинематографија започнува нова новела во животот.

Славната италијанска актерка Моника Белучи (54), по разводот од сопругот, францускиот актер Винсент Касел, долго време го криеше својот приватен живот. Но конечно медиумите го дознаа новото момче на убавата актерка: тоа е 36-годишниот уметник Николас Лефевре.

Секако, по објавата на Инстаграм Николас стана мошне актуелен, а дамите особено ја забележаа неговата манекенска појава.

Новата љубов на Моника поседува уметничка галерија во Париз, а од претходната врска има шестгодишна ќерка. Моника и Винсент Касел, пак, беа 14 години во брак, од кој имаат две деца, пред да се разведат во 2013 година.

И покрај фактот дека Моника и Николас ја започнаа врската летоска, гласините велат дека тие не се далеку од венчавка. Ова, наводно, го изјавиле блиски пријатели на Моника.

Педесет и едногодишниот Винсент Касел, пак, се ожени со неговата 21-годишна девојка, манекенката Тина Канакеј, во август годинава на интимна церемонија во Франција.

ФОТО:www.legossip.net/Printscreen

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...