Двете монахињи од католичко училиште во Калифорнија, кои признаа дека проневерале околу 500.000 долари за коцкање во Лас Вегас, нема да одговараат за стореното дело.
Мери Креупер и Лана Чанг ги зеле парите од католичкото училиште Сент Џејмс во градот Торанс, во близина на Лос Анџелес, за да ги потрошат во казина.
Училиштето соопшти дека нема да поднесе пријава против нив и дека само ќе ја известат полицијата за тоа што го сториле.
Калуѓерките, кои се најдобри пријателки, ги зеле парите од сметката со школарини и донации. Тие неодамна се пензионирале и изразиле жалење за своите постапки.
Мери Креупер била директорка на училиштето 29 години, додека Лана Чанг работела како наставничка околу 20 години. Се смета дека тие ги украле парите во период од најмалку една деценија и ги трошеле на патувања и коцкање.