Момче со аутизам со музички соло настап ги воодушеви гостите во клуб во Ријека (ВИДЕО)

Јан, ученик на Центарот за аутизам во Ријека, Хрватска, ги воодушеви своите сограѓани со изведба на хит на локалната музичка група „Урбан енд 4“.

102

Јан, ученик на Центарот за аутизам во Ријека, Хрватска, ги воодушеви своите сограѓани со изведба на хит на локалната музичка група „Урбан енд 4“. За тој негов настап дозна и Дамир Урбан, основачот на бендот.

– Јан можеби и веќе сте го виделе, настапуваше со нас на концертот во Загреб… Штотуку добивме снимка од неговата нова прекрасна изведба на песната „Куќа на спомени“ и сакаме да ја споделиме со вас. Голем поздрав и прегратки до Јан, неговото семејство и до сите во Центарот за аутизам во Ријека, објави Урбан на официјалната Фејсбук страница – споделувајќи ја снимката од изведбата.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...