Дваесетгодишно момче од Шабац е уапсено поради сомнение дека го убило својот 24-годишен брат.
Наводно, во семејната куќа тоа повеќе пати го удрило брата си во главата, по што несреќникот им подлегнал на повредите, соопштила полицијата.
Како што пренесуваат српските медиуми, на момчето ќе му биде одредено задржување до 48 часа.