Момче се качило на дрво на „Партизанска“, го спасувале пожарникари

419
20160216 Tuesday pozar evn plostad zgrada

Противпожарната бригада на Град Скопје ноќеска по еден часот интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр. 85, јавува МИА.

Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01:30 до 02:10 часот.

Во спасувањето учествувале тројца пожарникари.

Од полициската станица во Карпош не сакаа да дадат повеќе детали на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...