Полицијата во Подгорица денеска уапси едно момче од Никшиќ кај кого се пронајдени 12 патни торби со 374 килограми марихуана.
Момчето (24) е уапсено во населбата Загорич, на основа на информации добиени од колегите од Никшиќ, пренесува Радио телевизија Црна Гора.
Како што се наведува, дрогата ќе биде префрлена во Форензичкиот центар на вештачење.