Момче од Грција починало на Егзит

687

За време на фестивалот Егзит во Нови Сад во Србија, синоќа починало момче од Грција.

Локалните медиуми информираат дека обезбедувањето на фестивалот забележало дека на еден од посетителите му се слошило на Петроварадинската тврдина, по што му била пружена медицинска помош.

„Други посетители, исто така државјани на Грција кои се затекнале на самото место, во изјавите дадени во Полициската управа на Нови Сад навеле дека починатиот консумирал поголемо количество наркотици тој ден, како и дека боледува од хронична болест“, наведуваат организаторите на фестивалот во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...