Молња го погоди авионот на принцот Хари и Меган

2825

Принцот Хари и неговата поубава половина Меган Маркл доживеале вистинска филмска сцена, кога во текот на летот во нивниот приватен авион удрила молња, пренесуваат британските медиуми.

Војвотката од Сасекс и принцот минатиот месец патувале на забава во Амстердам кога нивниот луксузен авион бил погоден од гром.

Молњата го погодила носот, односно предниот дел на авионот, со силина од 30 милиони волти, но иако тоа било драматично, авионот успеал безбедно да слета и кралскиот пар да го врати на сигурно.

По ова авионот бил на поправка десет дена, а Хари и Меган поминале без повреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...