Молдавскиот претседател предлага свикување на Сеправославен собор

532

Молдавскиот претседател Игор Додон денеска предложи свикување на Сеправославен собор на кој би се разгледала одлуката на Вселенската патријаршија за давање автокефалност на Правосланата црква во Украина.

Додон изрази жалење и загриженост поради „настанатата состојба во православниот свет“, по одлуката на Вселенската патријаршија да ја укине одлуката од 1686 година, со која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија, со што презеде надлежност над црквата во Украина и почна процес со која ќе и се даде независност од Руската православна црква (РПЦ). По ваквото решение, Светиот синод на РПЦ донесе одлука за целосен прекин на евхаристичката комуникација со Цариградската патријаршија.

Молдавскиот претседател нагласи дека Молдавија била и ќе остане канонска територија на Московската патријаршија. – Ние ќе и останеме верни на нашата единстевна црква, истакна Додон.

Според него, бидиејќи Молдавија е во „срцето на правиславниот свет“, таа би можела да биде домаќин на Сеправославниот собир, што тој го предлага.

ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...