Молдавија нуди државјанство на странци за инвестиции во економијата

Одлуката на владата е една од мерките за отстранување на продолжената економска криза во поранешната советска република.

77

Владата на Молдавија усвои програма, според која странци ќе стекнуваат државјанство ако инвестираат 350 илјади евра во молдавската економија.

Според соопштението на владата, одобрениот документ ја содржи структурата на програмата, формуларите за апликации, посебните барања, техничките процедури и конкретните рокови за спроведување на програмата. Одлуката на владата е една од мерките за отстранување на продолжената економска криза во поранешната советска република.

Државјанството ќе се обезбедува со неповратни 100 илјади евра и инвестиции од барем 250 илјади евра во некој од стратешките сектори на економијата. Програмата предвидува издавање на пет илјади молдавски пасоши за странци и за нивните семејства.

ЕУ порача дека молдавските власти не смеат да ја користат либерализацијата на визниот режим со ЕУ, за да тргуваат со државјан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...