Можно одложување на летови на амстердамскиот меѓународен аеродром

134

Амстердамскиот аеродром Схипхол ги предупреди патниците дека и денеска може да продолжи одложувањето летови, предизвикано од проблеми во испораката на гориво.

Аеродромот, кој се смета за еден од најпрометните во Европа, соопшти дека очекува еден вид „пореметен ден“, и оти патниците можат да се соочат со одложување и можни откажувања на летови.

Вчера беа одложени околу 300 летови, и илјадници патници останаа заглавени на аеродромот, затоа што авионите имале проблем со точење гориво од претпладне се до доцна вешерта.

Портпаролот на аеродромот Вилемајке Костер рече дека околу 1.300 патници преспале на аеродромот на импровизирани кревети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...