Може ли неколку моркови на ден да спречат развој на дијабетес тип 2?

Неколку моркови на ден спречуваат развој на дијабетес тип 2. Иако ова звучи премногу добро за да биде вистинито, истражувањата се ветувачки за некои лица со зголемен ризик од развој на шеќерна болест тип 2.

872

Во новиот извештај во списанието Human Genetics, истражувачите на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд заклучиле дека лицата со заедничка генетска предиспозиција за дијабетес тип 2 имаат помала веројатност дека ќе развијат болест ако имаа покачено ниво на бета каротен во крвта.

Поконкретно, оние кои консумирале околу 6,5 мг хранливи состојки секој ден (што одговара на пола шолја варени моркови), имале најдобри резултати, иако се покажало дека врската исто така зависи и од тоа како нивното тело го метаболизира бета каротенот.

„Она што е важно за лекување и превенција на дијабетес тип 2 се здравата исхрана и активниот начин на живот. Неколку истражувања кои ги спроведовме за генетиката и исхраната покажаа дека ДНК не ја одредува судбината“, објаснил др.Атул Бути, вонреден професот на педијатрија на Стенфорд.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...