Постојат повеќе случаи каде што научници откриле крв од диносаурус зачувана во природни праисториски „капсули“, и со оглед на забрзаниот технолошки развој, а и поради актуелноста на секое ново продолжение на филмскиот серијал „Паркот Јура”, сосем легитимно е прашањето – дали науката навистина може да воскресне, односно да клонира диносаурус користејќи ја ДНК-та од најдената крв?
Одговорот е едноставен – Не! Тоа е така, пред се зашто крвта е премногу стара и распадната, се вели во статија на „Сајенс Алерт“.
Најстарата откриена колку-толку зачувана ДНК од диносаурус е од пред околу милион години, и реконструкцијата врз основа на тоа е просто нереална со сегашната технологија. Второ, дури и ако еден ден откриеме ДНК со којашто тоа би било изводливо, таа ќе биде расфрлана на милиони парченца, и научниците не би можеле да состават „мапа” по која ќе ги подредат правилно, како што биле пред милиони години.