Можен глобален недостиг на антибиотици поради коронавирусот

Епидемијата на коронавирусот имала негативно влијание врз синхронизирањето на доставувањата на антибиотици во Кина.

197

Државите во светот може да се соочат со недостиг на антибиотици доколку не се решат проблемите со фармацевтската индустрија предизвикани од епидемијата на коронавирус во Кина.

Тоа го изјави Jорг Вутке, претседател на трговската комора на Европската унија во Кина, на тркалезната маса во Пекинг.

Вутке нагласи дека епидемијата на коронавирусот имала негативно влијание врз синхронизирањето на доставувањата на антибиотици во Кина.

Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Кина е 1868, соопштија кинеските власти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...