Можело, еве ги убаво реновираните соби во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ (ГАЛЕРИЈА)

Проектот за реновирање е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на два влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски.

7262

Државниот студентски Центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното уредување на собите во блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, вклучувајќи ги и влезните хола во двата блока во Студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Проектот е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на два влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски. Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт, и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги, како и флексибилен стол.

Државниот студентски центар неодамна ја промовираше веб страната https://dsdskopje.mk/?fbclid=IwAR3ZQ7_hhBH5pS_je-tLZ0TBX7YfBQ3JhIZ1cm_oMCLRsZlNDjCp9qjm9Qw.

– Ги охрабруваме сите студенти кои имаат проблем или идеја за подобрување на животот во студентските домови да ја пријават преку алатката „Мој домо“. Нашата цел е навремено да одговориме на сите потреби на студентите – велат од ДСЦ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...