Модернизирање и реорганизација на Тутунскиот комбинат Прилеп за поголема ефикасност

147

ТКП влегува во последната фаза на реорганизација за да се постигне поголема ефикасност на Комбинатот. Започнува последниот круг на процесот на реорганизација започнат во 2016 година каде работниците доброволно аплицираат за отпремнина што доаѓа со доброволното заминување од компанијата. Овој процес е последниот чекор напред за подобра ефикасност на ТКП и продолжување на процесот на целосна модернизација на компанијата, соопшти Комбинатот.

– Изминатиот период направивме значителен чекор напред со враќање на финансиската стабилност на компанијата. По шест години, немаме долгови кон државните институции и се наоѓаме на вистинскиот пат. Во исто време, навреме сме со нашите плаќања кон други комерцијални партнери и банките. Имавме добра сезона за откупување тутун. Но, постојат одредени промени кои треба да се направат за да бидеме поефикасни. Процесот на трансформација опфаќа и процес на доброволно заминување, што е неопходно. Во текот на изминатите години, компанијата е во состојба на прекумерно вработување, па затоа потребна е ревитализација, приспособување кон глобалните трендови и создавање компанија која е ефективна и профитабилна. Тука нема оштетена страна, секој е победник, а најдобра корист е отворањето можности за раст на компанијата, која во иднина ќе обезбеди можност за отворање нови работни места за младиот персонал. Ова е последниот чекор за реорганизација што ќе ја подобри ТКП во ефикасноста и финансиската стабилност – изјави генералниот директор на ТКП, Кире Станкоски.

Процесот ќе биде спроведен во координација со Синдикатот, којшто даде позитивно мислење за целиот процес.

– Ова е важен чекор за сите вработени. Бидејќи доброволните пакети се прават врз основа на подобрен принцип од последниот пат и овој пат знаеме дека е конечен, така што луѓето се охрабруваат да го преземат овој значаен и корисен чекор, знаејќи дека нема да има следен круг – рече Игор Китаноски од синдикалната организација на ТКП.

Тутунски комбинат во своето работење бележи позитивни години по стратешкото партнерство со PMI. Со процесот на реструктуирање, како и со модернизацијата помогната од Филип Морис, со подобрување на квалитетот на производите во согласност со потребите на потрошувачите и со проширено портфолио, ТКП стана пофункционална и пооперативна како компанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...