Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја повика денеска Турција да ја прекине едностраната воена акција во североисточниот дел на Сирија.
– ЕУ го повторува својот став дека решението за сирискиот конфликт не може да се постигне по воен пат – истакна Могерини.
Таа смета дека обновените оружени непријателства во североисточниот дел на Сирија дополнително ќе ја поткопаат стабилноста на целиот регион, ќе го влошат страдањето на цивилите и ќе предизвикаат натамошни раселување.
– Едностраното дејствување на Турција му се заканува на напредокот, кој Глобалната коалиција, чиј член е Турција, го постигна во поразот на Исламската Република – нагласи високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Могерини уште еднаш ја повтори поддршката на ЕУ за суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија