Могерини: Сè потешко е да се сочува иранскиот нуклеарен договор

45
ФОТО: EPA / IGOR KOVALENKO

Министрите од петте светски сили кои го поддржуваат иранскиот нуклеарен договор од 2015 година и Иран одржаа средба, по која соопштија дека се обидуваат да ја одржат спогодбата.

Сепак, тие забележуваат дека на договорот му недостасува клучнниот елемент за глобално неширење на нуклеарното оружје.

Шефицата за надворешни работи на Европската унија Федерика Могерини прочита куса изјава во име на министрите од Кина, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и Иран по средбата одржана зад затворени врати.

На прашањето дали е воопшто можно да се сочува договорот, таа рече дека нема да крие оти тоа е сè потешко да се направи и дека за тоа разговарале на средбата

ФОТО: EPA / IGOR KOVALENKO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...