Могерини во Тирана: Празнувајте, но се уште имате многу работа

Дозволете да ја поздравам позитивната улога што Албанија ја имаше и ја одигра во регионот, бидејќи добрососедските односи се многу значајни за регионот, рече Могерини.

277
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, која престојува во Тирана порача дека добиената препорака од Европска комисија е победа за сите, но оти има уште да се работи, бидејќи почетокот на преговорите бара дополнтелни ангажрања.

Таа на заедничката прес конференција со албанскиот премер Еди Рама високо ја оцени улогата на Албанија во регионот и додаде дека препораката за отпочнување на преговорите е добиена врз основа на постигнувањата, а не е подарок.

– Честитки! Посебно сум горда што денеска сум тука да ги предадам позитвните препораки првпат во историјата на Албанија. Ова е резултат на една колективна работа, колективно признание за претседателот, Владата, општините и за сите албански граѓани. Ова е одговорност да за да се оди наред, истакна Могерини.

Таа додаде дека Владата треба да соработува со опозицијата.

– Сите заедно треба да продолжите со работата. Ќе биде уште потешко со преговорите. Дозволете да ја поздравам позитивната улога што Албанија ја имаше и ја одигра во регионот, бидејќи добрососедските односи се многу значајни за регионот. Албанија е земја која 100 отсто е за политиката на ЕУ, нагласи Могерини.

Премиерот Рама оцени дека добиените препораки за отпочнување преговори е исторски успех и резултат на напорна работа и ја повка опозицијата на соработка.

– Албанија го доби тоа што го заслужува, ниту помалку ниту повеќе, посочи Рама.

Високата гостинка имаше средба и со претседателот Илир Мета, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата Љуљзим Баша.

На патот од претседателската резиденција до Владата, што го мина пеш, Могерина беше пречекана од млади од Кукс, кои побараа да изврши притисок врз Рама да бидат ослобдени притворените нивни сограѓани поради насилните протести кај тунелот Калимаш, во знак на незадоолство од воведувањето патарина на автопатот Тирана-Кукс-Морина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...