МНТ со изложба одбележува 74 години постоење

58
20130531 Friday 1112 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

Македонскиот народен театар денеска со изложба ќе одбележи 74 години постоење. Изложбата е насловена „Од текст до претстава: македонски драми на сцената на МНТ“ и ќе ги опфати авторите од различни генерации чии дела биле изведени во МНТ.

Националниот театар од самите почетоци поставува дела од македонски автори – „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски била третата премиера поставена на 16 август 1945 година. Досега МНТ имал 400 поставени или обновени претстави, а повеќе од сто се дела од македонски автори од различни генерации, како Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски, Живко Чинго, Коле Чашуле, Богомил Ѓузел, Русомир Богдановски, Горан Стефановски, Венко Андоновски, Дејан Дуковски…

На изложбата ќе биде прикажано целосното оформување и поставување на драмата на македонскиот автор – од текст до сцена, откривајќи притоа различни сензибилитети и идејни концепти, во зависност од актуелниот временски и просторен миг.

Македонскиот народен театар почнал да работи на 3 април 1945, кога драмскиот ансамбл ја одиграл првата претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во превод на Блаже Конески и во режија на Димитар Ќостаров.  Историјата на МНТ почнала со првата реченица во оваа претстава: „Сонцето, колку е блиску Сонцето“, изговорена од актерката Вера Вучкова. МНТ од декември 2013 година работи во новата театарска зграда на кејот на Вардар каде што се наоѓал и до земјотресот во 1963.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...