Холивудските актерки Кејт Бланшет, Кристин Стјуарт и Леа Сејду ќе бидат дел од канското жири во кое доминираат жени и кое ќе одлучува за наградата Златна палма на фестивалот што ќе се одржува од 8 до 19 мај, објавија организаторите.
Американската писателка и режисерка Ејва ДуВернеј и бурундиската пејачката Каџа Нин ја комплетираат листата од пет жени, од вкупно девет члена во жирото на годинашното издание на Канскиот филмски фестивал.
Во година кога движењето „И јас“ доминира во медиумите и со само три жени режисери во конкуренција меѓу 18 филмаџии за Златна палма, организаторите почувствуваа потреба да направат поголем гест кон жените.
Во деветчленото жири на 71.издание на фестивалот се и Андреј Звјагинцев, Чанг Чен, Денис Вилнев и Роберт Гудигијан.