ММФ: 37,6 отсто е уделот на сивата економија во Македонија

Три водечки земји во Европа со најмало учество на сивата вкупната економија се Австрија со 9,4 проценти, Луксембург со 9,7 и Швајцарија со 9,8 отсто.

53

Уделот на сивата економија во севкупниот економски сектор на замјава изнесува 37,6 проценти, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според овој податок, земјава е на четвртото место во регионот на Југоисточна Европа, зад Косово со 38,8 отсто учество на сивата економија, Црна Гора со 38,2 проценти и Бугарија со 37,8 отсто.

По земјава следуваат Хрватска со 35 проценти учество на сивата економија, Романија (34,8 отсто), Србија и Босна и Херцеговина (по 34,5 проценти), Грција (30,2 отсто). Турција (29,6 проценти) и Албанија (28,3 отсто).

Три водечки земји во Европа со најмало учество на сивата вкупната економија се Австрија со 9,4 проценти, Луксембург со 9,7 и Швајцарија со 9,8 отсто.

Во анализата на ММФ се посочува дека процентот на сивата економија, мерен во однос на бруто домашниот производ, бележи пад во сите региони во светот, при што се нагласува дека сепак овој неформален дел на економски активности кој е надвор од регулираната економија и даночниот систем, тешко може точно да се измери.

– Лицата и компаниите вклучени во неформалната економија обично работат во мал обем. Ова значи дека нема официјална статистика за неформалната или сивата економија, како што понекогаш се нарекува, така што економистите треба сами да ја проценат нејзината големина. Некои вообичаени техники вклучуваат истражувања или индиректни индикатори, како што е побарувачката на странски валути – се додава во анализата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...