Млекара „Здравје Радово“ е единствената компанија од млечната индустрија во Македонија која го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“.
– Со ова уште еднаш ја потврдуваме нашата фокусираност кон купувачите. Сакаме да го слушнеме нивното мислење, потреби, очекувања и сугестии, сѐ со цел да имаме повеќе задоволни и лојални купувачи на нашиот бренд. Главна цел и мотив за нас како компанија е да ја зголемиме довербата и задоволството на потрошувачите. Грижата за здравјето и безбедноста на нашите производи е главна мисија во текот на целото работење на компанијата. Единствената цел е потрошувачот да го добие најдоброто за своите пари – велат од компанијата.
Оттаму порачуваат: Вашите права како наши потрошувачи се наша цел за взаемна и успешна мисија.
Овој сертификат е уште еден печат со кој како компанија Млекарата „Здравје Радово“ се одвојува од конкурентите и покрај многубројните сертификати кои ги има како компанија која работи по европски стандарди.