Младите ќе креираат стрип-илустриции на скопски митолошки јунаци

125

Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) и Град Скопје од утре ќе го продолжат проектот за стрип-илустрации на митолошките јунаци од Скопско, што го почнаа минатата година, а е наменет за средношколци и студенти.

– Проектот е осмислен како можност младинците од градот Скопје да се запознаат со етнографската и фолклорната литература поврзана со македонската и балканската митологија и да создадат илустрации за митолошките јунаци. Тие избираат претстава од народната митологија, и низ истражувачка работа за нејзините локални карактеристики, го илустрираат својот стрип ли –  велат од МСЕД.

Во процесот на работа на илустраторите ќе им бидат организирани предавања од областа на народната митологија, истражувачките и цртачките техники. За проектот се предвидени 20 учесници од средношколците и студентите во Скопје.

Покрај овој проект, кој се спроведува втора година, Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА) и Град Скопје од 15 мај ќе почнат нов проект за средношколци и студенти – „Културното наследство на градот Скопје низ кратки стрип приказни, Создај стрипоскоп!“

Во овој проект младите ќе истражуваат, учат и илустрираат културни добра на Скопје низ кратки стрип-приказни, а целта е да ги мотивира младите луѓе да се заинтересираат за културното наследство, да  изградат позитивен однос кон него и знаењата да ги претстават на креативен начин. Предвидено е да има најмалку 15 учесници кои ќе имаат предавања за културното наследство и за цртањето стрип-приказни, истражувања на терен и низ литература.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...