Младински културен центар: Зарем Џајковски, „Забрањено пушење“, „Мизар“ заслужуваат нула денари?

482

 И Младинскиот културен центар – Битола бара ревизија на апликацијата за интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град 2019“ од Министерството за култура, по бурата реакции за годинешната финансиска поддршка на проекти во културата.

Во продолжение реакцијата од битолскиот Младински културен центар.

„Во минатото не бевме политички „подобни“ за донесувачите на одлуки од режимот, па не добивавме државна поддршка, иако имавме и квалитет и препознатливост. Минатата година добивме поддршка, прв пат после 11 години. Зошто во 2019 година пак сме заборавени?

„Битола отворен град“ има 18 години традиција и е најголем некомерцијален фестивал организиран од невладина организација, не само во Битола, туку и во цела држава. Сите настани се на отворено и не се наплаќаат влезници. Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина на Балканот. Фестивалот обезбедува можност за многу уметници, млади луѓе и учесници од граѓански организации од регионот на ЈИЕ, да ги искажат своите ставови за општествено релевантни теми со користење на уметноста како алатка. Фестивалот е отворен за сите алтернативни уметности во изведба на млади луѓе.

Најголемите музички имиња од регионот и од Македонија настапувале на фестивалот, секое лето со убедливо најмногу публика на главниот музички настан. Само да потсетиме кој настапувал на „Битола отворен град“:

Zabranjeno Pusenje (BIH), Elektricni orgazam (SRB), Partibrejkers (SRB), Dubioza Kolektiv (BiH), Van Gogh(SRB), S.A.R.S. (SRB), Conquering Lion (MK), ZAA (SRB), Michael Gray (UK), Djane Nadine (HUN), Hladno Pivo(CRO), Zemlja Gruva (SRB), Rambo Amadeus (MNE), Foltin (MK), Deca iz Vode (SRB), DJ Henry Saiz (SPA), Kiril Dzajkovski & Serdzuk Orchestra feat Ras Tweed and T.K. Wonder (MK/USA), Bernays Propaganda (MK), Billy Andol (BiH), High Control (MK), Autogeni Trening (MNE), Funk Shui (MK), Toubabou Orchestra (FRA), PMG Kolektiv (MK), Gologan (BUG), Dosh Lee (CRO), Vladimir Vasilevski Chetkar (MK/USA), D.N.O. (MK), DJ Murphy(BRA), Drum’N’Zez (SRB), Bei The Fish (MK), Kismet (MK), Last Expedition (MK), Zopyroi (GRE), D’Orpheus (POR), The Government (MK), DJ Marko Nastic (SRB), Post Scriptum (BiH), Three Minutes In The Rain (MK), Parketi (MK), Pumpers (MK), Autmind (MK), Afer (ALB), Compagnie Pas d’eux faut pas! (FRA), Spank (MK), DJ Kapalee Kpow (SLO), Mizar (MK), DJ Zlo (CRO), DJ Dobra (BiH), D.S.T. (MNE), Mooger Fooger (MK)…

Ако ова заслужува 0 денари поддршка, тогаш навистина Битола е заборавена од елитите кои се одговорни за културната политика во државата. Битола мора да остане отворен град“, се вели во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...