Мишел Вилијамс и Џулијан Мур потпишаа за улоги во американската преработка на данскиот филм „По свадбата“, којшто во 2006 година беше номиниран за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Вилијамс ќе ја глуми управничката на едно индиско сиропиталиште, кое се наоѓа на раб на банкрот. Таа открива дека богата Американка од Њујорк (Мур), која сака да заборави дел од своето минато, има желба да подари дел од своето богатство за спас на сиропиталиштето.
Режисерското столче му припадна на Барт Фрундлих, а продуценти на проектот се Џоел Б. Мајклс и Силвио Мураља.
Снимањето на филмот почнува следниот месец.