Мишелин готвач со мастер часови по готвење на Taste Ohrid

Во рамки на второто издание на гастро-турата „Taste Ohrid“ што во организација на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство и туристичкиот кластер на југозападна Македонија (ЕДЕН) се одржува во Охрид, повторно доаѓа италијанскиот шеф Џорџо Дијана.

1176

Италијанскиот готвач со престижното признание Мишелин ѕвезда, Џорџо Дијана, повторно ќе биде гостин во Охрид, овојпат како дел од програмата на Факултетот за туризам и угостителство каде ќе одржи неколкудневни Мастер часови.

Тој на пријавените студенти и претставници од угостителските објекти во Охрид ќе им ги презентира новите техники на готвење со конзервирање на храната, пастеризација на продуктите, бавното готвење, како и важноста на новите техники и методи на готвење во кујната на модерните ресторани и хотели.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...