Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот Совет за национална безбедност

30
ФОТО: EPA / SIMELA PANTZARTZI

За ситуацијата со бегалците и мигрантите, како на грчко – турската граница кај Еврос, така и на островите во североисточниот дел на Егејското море, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за попладнево свика состанок на владиниот Совет за национална безбедност, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на вчерашниот ден, Мицотакис имаше втор циклус телефонски разговори со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен.

Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, станало збор за „начинот на кој Фронтекс ќе придонесе за заштита на грчките граници, што се и надворешни граници на Европската Унија“.

ФОТО: EPA / SIMELA PANTZARTZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...