Мицотакис бара Германија и земјите од ЕУ да ги прифатат мигрантите

80
Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Грчкиот премиер Киријакос Микотакис ја повика Германија и другите земји од ЕУ да земат мигранти и баратели на азил директно од грчкиот остров Лезбос.

– Идејата е дел од постапките за азил да се спроведуваат во други земји, рече Микотакис за денешното издание на германскиот весник „Билд ам Зонтаг“

Тој рече дека мора да се подобри европскиот систем на азил и миграција, како што веќе вети и Европската комисија, и додаде дека товарот од тој проблем мора да се подели со други.

Околу 39.000 мигранти живеат во и околу центрите на Лезбос, Хиос, Лерос и Кос, со капацитет од 7.500 луѓе.

Пристигнувањата на мигранти од соседна Турција повторно се зголемуваат, при што над 37,000 луѓе се наоѓаат во кампови на островите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...