Мицкоски ја потпиша петицијата на пазарџиите

Тој им вети дека опозицијата ќе направи сѐ законот да се повлече, а не да се стопира.

270

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се потпиша на иницијативата за поддршка на пазарџиите за повлекување на Законот за пазари.

Мицкоски  беше во посета на Зелениот пазар во придружба на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и разговараше пазарџиите кои се незадоволни од решенијата што ги нуди Законот за пазари. Тој им вети дека опозицијата ќе направи сѐ законот да се повлече, а не да се стопира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...