Мицкоски обвини дека со владата на Заев БДП е само 2,05 отсто

222

Откако СДСМ е на власт од јуни до декември растот на БДП е само 2,05 отсто, нема ништо од ветените пет отсто, тоа е најмал раст на бруто домашниот производ во споредба со содедните земји, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ вечерва во дуелот со премиерот Зоран Заев на Канал 5.

Заев пак, потсети дека не треба да се заборави дека во државата имаше цунами по заминувањето на поранешната власт, но дека ќе се зголемат странските инвестиции и најави дека Владата ќе го оствари ветеното за пет отсто раст на БДП.

Имаме нови рекорди на странски инвестиции, кои изнесуваат 624,5 милиони евра, што е двојно повеќе од најдобрата година што Северна Македонија ја имала од самостојноста досега. Бројот на невработени е под 19,4 проценти, платите се зголемени 22.000 на 25.000 денари и трендот на нивен пораст расте. Бруто домашниот производ беше минус 1,8 отсто, сега е 3,7 отсто. Расте бруто домашниот производ. Првиот квартал очекуваме да биде и поголем од 3,7 отсто – истакна премиерот Заев.

Мицкоски рече дека од ветените пет проценти бруто домашниот производ од кога Заев ја преводи Владата, до денеска нема ништо.

– Има раст на бруто домашниот производ од 2,05 проценти, во услови кога оној на нашите соседи е пет шест, седум проценти. Оваа Влада ги зголеми даноците. Домашните и странските инвестиции доаѓаат ако имаат правна сигурност и предвидливост на нивните инвестиции во државата каде доаѓаат. Процесот на приклучување кон ЕУ и НАТО не значи ништо сам по себе доколку вие немате правна држава, доколку правната држава не функционира. Кај нас за жал правната држава не функционира – потенцира Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...