Станавте изобличени вмровци

Секоја чест, продолжете вака, веќе сте во фаза Груевски, ама онака деформирани и изобличени вмровци. Еден вид на карикатура на ВМРО. Да, помеки сте, ама подеднакво ужасни.

4705

Да ги појаснам досегашните позиции на власта околу критиката. Потоа и онаа на апологетите.

Прво беше кажете што сакате, ние сме одговорна и демократска власт, тука сме да слушаме и да учиме, да се поправаме. Ни треба критичка јавност.

Потоа прејде во мрчите, мрчатори сте, не зборете за ова, не коментирајте она.
Потоа се прејде на јавноста и медиумите пребрзо реагираат, хистерични се.

Конечно стигнавме до „невладини и новинари лажат кај амбасадори“, не смее да се критикува и некој да се третира како „боксерска вреќа“ и кога тоа го заслужува и кога не го заслужува. Пази ова – „и кога заслужува“.

Ставот на апологетите, што пак е рефлексија на најискрениот став на властите, е дека не треба повеќе да има новинари, ниту критика, пошто не биле ниту новинари, ниту критичари.

Секоја чест, продолжете вака, веќе сте во фаза Груевски, ама онака деформирани и изобличени вмровци. Еден вид на карикатура на ВМРО.

Каде планирате да стигнете, уште не е јасно, ама јасно е колку е гласна и очигледна вашата тенденција да ја замолчите, стигматизирате, маргинализирате или оцрните критичката јавност.

Да, помеки сте, ама подеднакво ужасни.

(статус на Фејсбук на Ивор Мицковски)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...