Мице Јанкуловски ја доби наградата Уметник на светот на Биеналето Ларнака

1028

На македонскиот сликар и карикатурист Мице Јанкуловски синоќа во просториите на Градската галерија на Ларнака, Кипар, во рамки на Биеналето Ларнака 2018, му е доделена наградата Уметник на светот.

Јанкуловски на Биеналето Ларнака 2018 се претстави со делото „Форми од Венеција“ 2017, полиптих од 5 дела, сериграфија со примена на фрок. Делото е куратирано од Енцо ди Мартино и печатено во графичкото студио Фалани, Венеција.

Годинашното издание на Биеналето Ларнака се одржа од 17 октомври до 30 ноември. Целта на оваа културна манифестација е да ги претстави уметниците од цел свет со дела со висок кавалитет и професионализам
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...