Во текот на годините сме се сретнале со различни митови и претпоставки за исхраната воопшто, па и за третманот Noninvasive luposuction, кои се резултат на различни погледи, ставови и мислења, но и предрасуди и незнаење. Затоа, сакаме да ги изнесеме недвосмислените факти кои ќе ги урнат митовите и предрасудите и ќе дадат јасна слика за тоа што е Noninvasive luposuction, а што не е, а на вас е да заземете личен став зашто, на крајот, тоа е ваш однос кон себе и кон својот живот и здравје.
Во продолжение, ќе наведеме неколку типични митови за диетите и исхраната, кои се темелат на клиничката студија (N Engl J Med 2013; 368:446-454January 31, 2013DOI: 10.1056/NEJMsa1208051) која ги проверила сите наведени тврдења.
Мит 1 – Почнете со мали промени во навиките
Апсолутно погрешно! Малите промени ќе дадат мали резултати. Намалувањето на внесот на калории на тој начин што ќе изедете помал колач или ќе ги користите скалилата наместо лифтот, всушност ќе дадат мали ефекти и така никој не ослабнал. Тие мали промени само ќе донесат разочарување и нови предрасуди за проблемот на тежината.
Мит 2 – Поставете реални цели за слабеење
Да поставиме реална цел за да не се разочараме, може да звучи разумно, но податоците покажуваат дека амбициите водат до успехот. Клиничките студии покажаа дека амбициозните цели се поврзани со подобри резултати во слабеењето.
Мит 3 – Постепеното слабеење е поефикасно од брзото
Истражувањата покажуваат спротивно. Брзото слабеење е поефикасно од постепеното. Подобри резултати се постигнати при ефективни диети отколку со бавни диети. По една година следење на испитаниците, резултатите кај брзите диети биле загуба 16,1 отсто наспроти 9,7 отсто кај бавните диети.
Мит 4 – Резултатот зависи од тоа колку сме одлучни
Важно е да се процени одлучноста (подготвеноста) кај една личност која бара третман за слабеење, но нејзината одлучност нема да има влијание на резултатите ниту на соработката со нутриционистот. Објаснувањето е едноставно, луѓето доброволно избираат за влезат во програма за слабеење, па по дефиниција се барем минимум подготвени да го почитуваат протоколот за губење на телесната тежина.
Мит 5 – Значење на редовниот појадок
Сигурно сте го слушнале советот „немојте да го прескокнувате појадокот и имајте редовни оброци, тоа ќе ви помогне да ослабнете“. Таа претпоставка ја смислиле мајките за децата да не им гладуваат, но научните факти се спротивни. Клиничките истражувања докажаа дека редовниот појадок или редовните оброци немаат значајно влијание на слабеењето, а резултатите зависат од видот на храната која се јаде.
Мит 6 – Значење на овошјето и зеленчукот
Само јадете што повеќе овошје и зеленчук ако сакате да ослабнете или да не се здебелите. Вистина е дека овошјето и зеленчукот имаат здравствени предности, но немаат значајно влијание на слабеењето. Студиите покажаа дека зголемениот внес на овошје и зеленчук може благо да делува на слабеењето или на дебелеењето, или да нема никакви конкретни резултати.
Митови за липосукциската диета
Мит 1 – Липосукциската исхрана е протеинска диета
Липосукциската исхрана не е протеинска диета. Базирана е на строго намалување на процесираниот скроб, шеќер, односно јагленохидрати, но тоа не подразбира зголемување на протеините. Протеините ги внесуваме нормално, како и претходно – според препораката прават околу 15 отсто од вкупниот внес на калории, додека ги зголемуваме мастите.
Мит 2 – Мастите дебелеат и предизвикуваат срцеви проблеми
Нема клинички докази кои ја потврдуваат оваа теорија. Овој мит е резултат на повеќедецениска заблуда поради која насоките за исхрана тргнаа во погрешен правец – кон шеќерите и процесираната храна. Големата анализа од 21 собрани студии, во кои учествувале околу 350.000 луѓе, не пронашла докази дека заситените маснотии имаат било каква врска со кардиоваскуларните заболувања. Во 2014 година, научното списание Annals of Internal Medicine, ги објави резултатите за Мета анализата од 76 клинички студии кои вклучиле 600.000 испитаници во 18 земји. Во заклучокот, оваа мета анализа не наоѓа никаква врска помеѓу заситените масти и дебелината, дијабетесот, високиот холестерол и кардиоваскуларните болести. Кардиологот д–р Рајив Човдури, водечкиот автор на студијата вели: „Не треба да се грижиме околу заситените масти. Токму исхраната богата со шеќер и рафинирани јаглехидрати е виновник за сите овие болести“.
Мит 3 – Холестеролот во храната е лош за срцето
Избегнувањето на холестеролот и мастите е најголемата заблуда во исхраната која стана општоприфатен принцип на „лајт“ намирниците во кои природните масти се заменити со евтин скроб и празни калории од шеќерите. Холестеролот е суперхрана која ви го чува животот и здравјето и тоа е витален нутриент без кој нема живот. Холестеролот е многу важен и корисен во човечкото тело, но поради активноста на воспалителните процеси и исхраната богата со шеќери и рафинирани јеглехидрати, може да оксидира, што може да доведе до формирање плак. За оксидацијата не е виновен самиот холестерол, туку низа други фактори поврзани со внесот на шеќери, растителни масла и индустриски производи.
Мит 4 – Јаглехидратите се извор на енергија
Горивото кое нашето тело го троши за енергија, всушност, не е гликоза (од јаглехидрати), туку хемиско соединение наречено аденозин трифосфат (АТП). Милијарди АТП молекули се трошат и повторно се создаваат на секои неколку минути во секоја клетка. АТП може да се произведува од три извори: гликоза, масни киселини и кетонски тела. Само мал број клетки, како што се некои мозочни клетки или црвените крвни зрнца, се зависни од гликоза, но тоа не значи дека јаглехидратите се неопходни, бидејќи процесот на глуконеогенезата во црниот дроб природно ја произведува потребната гликоза и е одговорен за хормонот глукагон.
Мит 5 – Слабеењето е овозможено од калориски дефицит
Овој мит доаѓа од заговорниците на теоријата „calories in, calories out“, меѓутоа оваа диета функционира обратно „Calories are already there“. Калориите се мерка за количината на енергија. Како таква, енергијата се наоѓа во храната која ја јадеме и во масните резерви (веќе постоечкиот извор – already there). Со намалување на внесот на енергија, телото ќе го намали и потрошувањето на енергија, па не доаѓа до посакувани резултати за слабеење. Но, кај оваа метода, телото со помош на аминокиселините на хормонално, односно ензимско ниво, ќе ги активира своите енергетски механизми на трошење од „постоечките извори“ (масните резерви) кои содржат голем број калории. Од изворот „ин“ (храната) нема потреба да се внесува повеќе од 600 калории (препорака на EFSA). Значи, заклучуваме дека потрошувањето е значително зголемено (механизам на делување на аминокиселините), па внесот е значително намален, а не обратно.
Мит 6 – Слабеењето е намалување на калории
Лицето А внесува 1.600 калории од рафинирани јаглехидрати, а лицето Б внесува 2.000 калории од протеини и масти. Резултатот е дека лицето кое не внесува јаглехидрати (лицето Б) ќе ослабне значително повеќе од лицето А, без оглед на тоа што внесува поголем број калории. Слабеењето нема врска со бројот, туку со изворот на калории, односно ефектот на хормонот инсулин.
Мит 7 – За слабеење е потребно да се вежба
Трошењето на калории ќе го дефинираме како вкупна загуба на енергија која се состои од базалниот метаболизам (BMR) плус дополнително трошење (вежбање). Значи, BMR + Вежбање = вкупно потрошена енергија. BMR се состои од вкупните метаболички процеси. Тука доаѓаме до проблемот – како да го измериме BMR? Со намалување на внесот на калории, BMR се намалува дури и до 50 отсто. Единствена опција е да претпоставиме дека BMR е константа, а дека вежбањето е единствена варијабила, па тогаш вкупното торшење на енергија би зависело исклучиво од вежбањето. Значи, ако калориските потреби на одредено лице со висина 175 см, и телесна тежина 100 кг, се околу 2.000 калории дневно, тогаш за 45 минути брзо одење (5 км/на час) ќе согори 300 калории. А колку всушност сте ослабнале? За да се ослабе 1 кг треба да се испешачат 100 километри или да се направат околу 5.000 склекови! Значи, далеку е од тоа дека факторот вежбање носи 50 отсто од вкупниот резултат. Очигледно е дека клучот на слабеење е 95 отсто во исхраната.
Мит 8 – Кај липосукциската исхрана се губи и мускулната маса
Нискокалоричните диети се познати по ефектите на оштетување на мускулите, но при примена на оваа диета имаме константа на оптимален внес на протеини и аминокиселини во текот на третманот што овозможува да се сочува мускулното ткиво, а да се стопат само наталожените масти. Погледнете ја клиничката студија https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/27383313.
Советувалишта и центри за липосукција има и во Скопје, Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3231223, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.
(промотивен текст)