Митинг за поддршка на Асад во Дамаск

Митингот, што беше директно пренесуван на сириската државна телевизија, се одржа на исторскиот плоштад Омајад во центарот на Дамаск.

238

Илјадници Сиријци се сообраа денеска на митиниг во Дамаск за да им изразат поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад и на Армијата на Сирија, по саботните напади на САД, Велика Британија и Франција врз цели во земјата.

Митингот, што беше директно пренесуван на сириската државна телевизија, се одржа на исторскиот плоштад Омајад во центарот на Дамаск.

Учесниците на собирот, организран под мотото „Поздрав за успесите на сириската арапска армија“, носеа знамиња на Сирија и транспаренти со поддршка на Асад и Вооружените сили и извикуваа: „Алах, Сирија и само Башар“.

Собирот заврши со голем огномет, а за време на митингот дел од учесниците и пукаа во воздухот.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...