Изборот на Мис Америка ги исфрла бикините и објави дека станува натпревар, а не избор.
– Повеќе нема да ги оценуваме нашите кандидатки врз основа на нивниот надворешен физички изглед – објави Гречен Карлсон, поранешна мисица која пред извесно време стана претседателка на бордот на организацијата Мис Америка.
Од организацијата на натпреварувањето уште посочиле дека делот со бикини, како и делот со вечерни тоалети, ќе биде заменет со „интерактивна сесија со судии, при што девојките ќе ги истакнат нивните достигнувања и цели во животот“.
Извршниот директор на Организацијата на Мис Америка, Сем Хаскел, поднесе оставка во декември заради вознемирувачки и навредливи мејлови за мисици. Водечките фигури во организацијата, во меѓусебната електронска комуникација се исмејувале на интелектот, физичкиот изглед и сексуалниот живот на поранешни мисици.
Новата раководителка Карлсон пак водеше судски спор против „Фокс њуз“ заради сексуално вознемирување.