Мирјана Марковиќ ќе биде кремирана во Москва, а урната ќе биде поставена во Пожаревац

527

Урната со посмртните остатоци на Мирјана Марковиќ ќе биде поставена во гроб во Пожаревац оваа сабота, на 20 април, потврди нејзиниот син Марко Милошевиќ за телевизијата БК.

Кремацијата ќе се изврши во Москва.

Пожаревац е родното место на Мирјана Марковиќ и Слободан Милошевиќ, каде е  погребан и тој.

Вдовицата на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија, Слободан Милошевиќ, и некогашната претседателка на политичката партија Југословенска левица, Мирјана Марковиќ, почина на 14. април во Русија, на 77 годишна возраст.

Таа беше во Москва од 2003 година, избегнувајќи на тој начин да се појави на суд во Србија, поради сомневањата за корупција, а во 2006 година доби политички азил во Русија. Српскиот Интерпол издаде меѓународна потерница за Мирјана Марковиќ во 2005 година, бидејќи таа не се појави на судењето за злоупотреба на службената положба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...